Миркуловски и Пешевски стрелаа за победи на Вецлар и на Штутгарт

Двајца македонски интернационалци имаа активно неделно попладне во Бундеслигата, Филип Миркуловски и Жарко Пешевски и двајцата се израдуваа на победи со своите екипи.

Вецлар триумфира на гости кај Ерланген со 31-25 во одлично второ полувреме, кое го доби со 13-7. Миркуловски постигна еден гол од еден обид, а имаше и две асистенции за погодок.

Претходно Штутгарт на Пешевски го искористи домашниот терен за да го совлада Нордхорн со 29-24. Овде првиот дел беше решавачки за победничкиот тим, заврши со 13-8. Пешевски исто така имаше еден од еден, а еднаш и асистираше. 

Вецлар е десетти на табелатасо 14 бода, а Штутгарт има осум на 15. место, две над зоната за испаѓање.