Миркуловски и Кузмановски убедливо загубија од европскиот првак

Македонските претставници во ракометната Бундеслига, Филип Кузмановски како ракометар и Филип Миркуловски како асистент тренер во Вецлар, немаа пријатен старт на новата сезона.

Во првото коло, нивниот тим загуби од актуелниот европски шампион Магдебург со 15-31. Работите беа под контрола 15-тина минути, кога Вецлар губеше само со 4-5, но потоа следуваше серија од 5-1 за фаворитот, само како најава за високите 13-8 на паузата. 

Вториот дел почна ужасно за домаќинот, кој не успеа да постигне гол од 33. до 47. минута. Водството стана двоцифрено и немаше пат за враќање од дебаклот. Филип Кузмановски постигна еден гол од три обида, имаше и две асистенции.