
Македонскиот тандем во Валјадолид заедно даде 15 гола и донесе триумф во АСОБАЛ
Димитриевски постигна дури 11 гола на мечот против Троелевага, додека Димитровски додаде четири за победата на Валјадолид, шеста сезонава за овој тим, кој е трет одзади на табелата.
Валјадолид има ист број бодови како и Морацо Кањас, бод помалку од Синфин, а два зад Бенидорм. Деветата Анаитасуна и десетата Уеска бегаат пак само една победа и се со 18 бода на контото.