Лазаров распали бомба за победа на Нант на завршен меч - преку жив ѕид! (ВИДЕО)

Екипата на Нант извојува спектакуларна победа на гости кај Шамбери со 29-28, благодарение на Кире Лазаров, кој постигна гол од девет метри, преку жив ѕид, откако натпреварот веќе заврши.

Домаќините постојано водеа, имаа плус пет на почетокот, потоа и 13-7, а на пауза заминаа со 14-10. Нант почна да се враќа во вториот дел, но дури и на две минути до крајот личеше дека тешко ќе ги сврти работите, бидејќи губеше со 26-28.

Сирената се огласи на 28-28, но со прекршок во корист на Нант и слободен удар од 9 метри. Тогаш се истакна Лазаров со една бомба од својата левица, па му донесе победа на Нант со првото и единствено водство на натпреварот.

Ова беше негов шести гол, со што беше најефикасен кај гостите, а црногорскиот репрезентативец Фахрудин Мелиќ постигна седум за Шамбери. Со новите два бода, Нант го одржа чекорот кон врвот, сега има 16, колку што имаат и Монпелје, Тулуз и Ним, сите зад лидерот ПСЖ со 22. Шамбери е 11. место со шест бода.

На видеово може да се види изјавата на Кире, како МВП на мечот, а потоа и голот, некаде по 1:40.