ИХФ го одложи Супер Глоуб

Меѓународната ракометна федерација (ИХФ) денеска донесе одлука да го одложи неофицијалното светско клупско првенство во ракомет, кое беше закажано да се одржи од 6 до 10 октомври.

Советот на ИХФ имал состанок на кој се разговарало за можноста да биде одржано натпреварувањето, но поради ситуацијата со Ковид-19, тие сметаат дека во моментов не е безбедно да се игра ракомет.

ИХФ ја следи будно ситуацијата со опасниот вирус и наскоро ќе објави нов датум за одржување на натпреварувањето.