И посакаа добредојде на македонски јазик: Елена Ливриниќ потпиша за Рапид Букурешт (ФОТО)

Македонската репрезентативка Елена Ливриниќ потпиша договор со романскиот гигант Рапид Букурешт. Поранешната ракометарка на Металург, во минатата сезона играше за Галаци, тим кој исто така настапува во романското првенство. Интересно, Рапид Букурешт на нашата репрезентативка и посака добредојде на македонски јазик.