Хансен е најдобриот стрелец во историјата на Олимписките игри

Данскиот репрезентативец Микел Хансен денеска испиша нова историја на Олимписките игри во победата на неговата репрезентација од 34-28 против Португалија во рамки ан 4.коло од групата Б на турнирот во Токио. 

Фантастичниот бек денеска постигна девет голови и стигна до вкупна бројка од 133 погодоци на Олимписките игри во својата кариера. Тој со четвртиот гол денеска го собори рекордот на Кјунг Шин Јон, кој сега останува на второто место на вечната листа со 127 погодоци. Зад него е Талант Душебаев со 123, додека Гудјон Валур Сигурдсон има 119. 

Данецот наскоро ќе го зголеми овој скор, бидејќи го очекува уште еден натпревар од групната фаза, а потоа и најмалку уште еден во елиминациите. 

Денешниот натпревар помеѓу Данска и Португалија го судеа македонските арбитри Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.