Германските голмани ги полудеа Норвежаните, Данска без мака со Португалија

Германскиот тандем на голмани Вулф и Битер заедно собраа 17 одбрани и имаа 43 отсто успешност на одбрани, па беа клуч за победата на Германија против Норвешка со 28-23 на ракометниот олимписки турнир.

Германците на крилата на одличните голмани успеаа да се вратат после поразот од Франција и уште од почеток на мечот ја имаа контролата на теренот, па до средина на првиот дел веќе имаа плус пет, но на пауза заминаа со три гола предност (14-11), а откако Норвешка на стартот на вториот дел дојде на гол негатива, на сцена стапи Вулф и грешките на противникот, Германците ги претворија до највисоките плус пет во 42-та минута.

Последен обид на Норвешка да се врати во мечот беше на 12 минути пред крајот кога преку Јондал имаа шанса за израмнување, но дирекот ги спречи во таа намера, а Германија стигна до убава предност од плус три (24-21) на шест минути до крајот и потоа сѐ беше само рутина за триумфот со 28-23.

Сагосен со седум гола, а Јондал со шест беа најефикасни во Шведска, а Генсхајмер со шест и Кестинг со пет беа најефикасни кај Германија.

Норвешка во следното последно коло игра со Франција, додека Германија ја чека дуел со Бразил. Во оваа група Франција е прва со осум бода, Шпанија има шест, Германија и Норвешка по четири, Бразил 2, а Аргентина е без бод.

Данска без поголема мака ја победи Португалија со 34-28 за да остане непоразена по четири кола на турнирот и како и Франција да го осигура четвртфиналето.

Данска со 8 е пред Египет и Шведска со по шест, Португалија и Бахреин имаат по два, а Јапонија е без бод