Германките го здробија Бразил за пласман во полуфинале на СП
Германија ја контролираше играта од самиот старт, а Бразил не успеваше да фати ритам и затоа на паузата замина со негатива од шест погодоци (11-17).
Бразил заигра подобро во второто полувреме и намали на три голови негатива (22-25), меѓутоа Германките не дозволија изненадување, па го засилија темпото во финишот и ги корегираа грешките за славје од 30-23.
Најефикасна во победничкиот состав беше Антје Дул со шест голови, додека Де Паула запиша шест погодоци за Бразил.
Фото: Facebook/Handball Bundesliga Frauen