Франција гази на ракометниот турнир – преслушана и Шпанија

Поранешниот светски и олимписки првак Франција направи голем чекор за да го освои првото место во својата група на ракометниот турнир, откако „триколорите“ утринава ја победија Шпанија со 37-31.

Недим Ремили со девет гола и Деска со седум гола беа предводници на Франција за новиот триумф, кој ниту еднаш не беше доведен во прашање, а откако уште на стартот тргнаа добро, Шпанците сѐ што сторија беа воведните 6-6, по што серијата од 4-0 за 10-6 на „триколорите“ беше првиот чекор кон победата и предноста потоа не ја испуштија.

До плувреме стигнаа на плус шест, 18-12, па Шпанија без дефанзивецот Морос немаше противигра и сѐ што направи до крајот беше само да ја преполови предноста на минус три, но воопшто не се ни приближија за пресметката да ја направат поинтересна.

На крајот со победата со 37-31, Франција најави дека атакува на златниот медал. Алекс Душебаев со пет гола беше најефикасен во шпанскиот тим.

Бразил ја победи Аргентина со 25-23, додека Бахреин славеше против Јапонија со 32-30 во другите два меча досега на ракометниот турнир.