Фантастичен натпревар на Пешевски: Постигна осум голови против Лемго

Македонскиот репрезентативец Жарко Пешевски беше играч на натпреварот во ремито на Штутгарт против Лемго од 26-26. 

Иако неговата фантастична игра не беше доволна за победа, нашиот пикер имаше фантастични осум голови од девет удари кон противничкиот гол. Штутгарт пропушти добра шанса да победи во рамки на 4.коло, бидејќи во финишот прокоцка водство од два гола. 

Штутгарт по четири натпревари има пет освоени бодови, односно две победи и вечерашното реми со Лемго. Единствениот пораз го доживеа во првото коло против Рајн-Некар Левен.