Египет ја порази Германија и закажа полуфинале против Франција

Репрезентацијата на Египет беше подобра од Германија со 31-26 во четвртфиналето на ракометниот турнир во рамки на Летните олимписки игри (ЛОИ).

Египет отвори одлично со серија од 6-1, а до крајот на прво полувреме не ѝ дозволи на Германија посериозно да го загрози нивното водство.

Во вториот дел Египет ја одржуваше предност од пет гола (21-16), по што следеше краток блесок на Германија (20-23), но германските ракометари немаа сила да направат ништо повеќе од тоа, па Египет триумфираше со 31-26.

Омар беше нјадобар кај Египет со пет постигнати гола, додека Кун постигна шест погодоци за Германија

Египет со триумфот против Германија си закажа полуфинална пресметка против Франција.