Дибиров и рече збогум на „зборнајата“: Време е за подмладување

Ракометарот на Вардар, Тимур Дибиров објави репрезентативна пензија и дека повеќе нема да настапува за Русија.

Искусното лево крило има 36 години и смета дека е време за помлади ракометари во националниот тим на „зборнајата“.

„На репрезентацијата и треба промена. Можеби има смисла да почнеме со подмладување малку порано. Имав два големи сонови во мојата кариера, со репрезентацијата да бидат олимписки шампион и со клуб да ја освојам Лигата на шампиони. Тоа се двете најтешки натпреварувања. Како спортист во Русија пораснав кога имаше многу светски и европски шампиони во нашата земја. Но имаше само тројца кои ја имаат освоено Лигата на шампиони, а тоа беа Едуард Кокшаров со Целја, Олег Кулешов со Магдебург и Константин Игропуло со Барселона. Тоа кажува многу за тежината на Лигата на шампиони“, вели Дибиров, а пренесува сајтот „Хандњуз“.

Русинот игра за Вардар од 2013 година, а веќе два пати ја освои Лигата на шампиони. Со руската репрезентација немаше поголем успех, но настапи на Олимписките игри во Пекинг во 2008 година.