Бивш македонски селектор го презема Ал-Рајан од Катар

Поранешниот македонски селектор Звонко Шундовски пред неколку часа потпиша договор со Ал-Рајан од Катар, каде што ќе работи како тренер во следниот период.

Информацијата за неговиот нов ангажман ја потврди и клубот од Катар, кој објави дека Шундовски го преземал кормилото на екипата.

Шундовски во својата тренерска кариера работеше во Романија, во Констанца, Букурешт и Доброгеа Суд, а беше тренер и на Пелистер и Металург во Македонија. Додека седеше и на кормилото на Израел од 2017 до 2018 година.