Ви пречеше Кутлешот, ги дигнавте цените - еве ви празна сала (ФОТО)
Од денеска, пак, овој меѓумурско хрватско место повторно е „Град на духовите“ со оглед што повеќе ја нема Фалангата, па улиците и трибините зјаат празни. Виновни за тоа најмногу се домаќините, кои на расположеноста на нашите фанови вратија со тортура, приведувања и казнувања за секоја најмала грешка, што за нив беше истакнување на знамете со Кутлеш.
Згора на тоа, Хрватите направија непопуларен потег со драстично поскапување на влезниците, па билетите кои во првата фаза чинеа 50 евра за претстојните три средби од вториот круг чинат 80 и 100 евра, што е постапување од 60 отсто. Што е многу – многу е!