„Утре е најважниот меч – ќе видиме до каде ни е силата!“

Филип Лазаров денеска не се изнаигра и ја сочува силата за утрешната пресметка од 18 часот со Хрватска во третото коло на Светското првенство во Германија, па по триумфот со Бахреин во кој Македонија успеа да ги одмори главните свои ракометари посочи дека за разлика од мечот со Јапонија, сега одбраната била – фантастична.

„Тоа што треба да не радува е подобрата игра во одбраната. Во секој счучај одигравме далеку подобро, зашто Бахреин цел меч се мачеше да ни даде гол, па најмногу погодуваа со удари кои не се бранат. Ако гледаме на минатиот меч со Јапонија примивме 29 гола, а сега 23 од кои во завршните 15 минути дури и игравме порелаксирано. Можеме ние да одиграме и многу подобро, тоа е сигурно, но најважно е што главните играчи одморија. Утре е најважниот меч за Македонија. Да видиме до каде ни е силата. Јас мислам дека можеме против Хрватска, а сите знаат дека на секој меч одиме на победа и нема калкулации кај нас. Хрватска можеви е фаворит, можеби за нијанса има подобар состав, но наше е утре да дадеме сè од себе. Знаејќи го селекторот, ние на секој меч одиме на победа“, рече Филип Лазаров.