Томовски: Полека созреваме како репрезентација, но мора квалитетот да го потврдиме на терен

Македонската ракометна репрезентација ќе одигра два натпревари против Романија на 17 и 19 март во баражот за пласман Светското првенство (СП).

Голманот на репрезентацијата, Мартин Томовски кажа дека Македонија полека созрева, но ќе мора својот квалитет да го покаже на теренот.

„Во мечот против Романија ќе влеземе без голема еуфорија, затоа што така може да го потврдиме нашиот квалитет. Романија е сериозен противник кој го почитуваме, а од Европското првенство во Дебрецин извлековме многу лекции. Сите си ја знаеме задачата и подготвени сме за предизвикот“, вели Томовски.