Талески: Многу брзаме во напад, мора да се поправиме

Младиот макеоднски репрезентативец Филип Талески изјави дека Македонија одигра максимално со Бахреин за да ја запише втората победа, но дека црвено-жолтите направиле многу грешки посебно во нападот кога имале избрзани шутеви.

Македонија го победи Бахреин за втора победа во групата со што првата цел беше исполнета, па сега следуваат трите тешки мечеви во кои нѝ треба една победа за пласман во следната рунда.

„Се гледа дека првиот меч, како и овој втор во Бахреин, двете селекции покажаа дека се доста клвалитетни и дека може да изненадат некого. Одигравме максимално за да победиме, но доста грешки направивме посено во нападот, имавме избрзани шутеви... Ако играме така немаме шанси во следните мечеви. Научени сме да играме на ваков турнирски ситстем. Подготвени сме и утрешниот меч со Хрватска е клучен. Мора да влезема максимално концентрирани, ќе се подговтиме максимално, цело то време до утре ќе го искористиме за одмор и анализа“, рече Талески.