Со познати сили во Турција, дебитира Костески (ФОТО)

Ракометната репрезентација на Македонија вечерва од 18 часот ќе гостува кај Турција во Ескишехир во претпоследното коло од квалификациите за Европското првенство во 2020.

Селекторот на македонската репрезентација Данило Брестовац и неговиот противник на спротивната страна ги објавија составите пред вечерашниот дуел, а во составот на Македонија дебитира Ненад Костески.

Македонија има голема шанса за освојување на првото место во групата 3, а освен дуелот против Турција, нашите ракометари ќе се пресметаат и против Грција во недела од 18 часот во Струмица.