Мириса на спектал: Чесите ги чека пекол, билетите се веќе – распродадени!

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) денеска информираше дека сите билети за утрешниот реванш-дуел против Чешка (19 часот) веќе се распродадени, што значи дека избраниците на селекторот Кирил Лазаров ќе имаат максимална поддршка од трибините во клучниот меч за пласман на СП 2023.

„Жолто-црвените“ одиграа нерешено на првата средба во Злин (24-24) и со триумф утре во „Борис Трајковски“ ќе ја продолжат низата настапи на големите репрезентативни натпреварувања.

„Вратите од СЦ 'Борис Трајковски' ќе бидат отворени од 17:30 до 18:35 часот, а натпреварот започнува во 19:00 часот. Ги замолуваме сите љубители на ракометот кои имаат обезбедено влезници за претстојниот натпревар, да дојдат навремено и заеднички да дадеме максимална поддршка на македонската ракометна репрезентација“, се вели во информацијата од РФМ.

Македонија се евентуален триумф шести пат по ред ќе обезбеди пласман на еден Мундијал.