Симовски го скрати списокот за баражот со Романија (ФОТО)

Селекторот на женската ракометна репрезентација на Македонија, Симе Симовски денеска го обајви скратениот список на ракометарки за претстојниот бараж дуел со Романија за пласман на Светското првенство во Шпанија годинава. 

Симовски повика 20 ракометарки меѓу кои очекувано се стандардните Сара Ристовска, Елена Ливриниќ, Леонида Гичевска, Ивана Гакидова и други. Првиот собир е закажан за 14 април (понеделник) од 12 часот во хотелот „Русија“ во Скопје.

Првиот натпревар од баражот го играме на гостински терен во Букурешт на 17 април со почеток од 17 часот, додека реваншот е четири дена подоцна во салата „Јане Сандански“ во Скопје во истиот теремин, односно 17 часот.