Раул го откри рецептот за успех со Хрватска!

Македонскиот селектор Раул Гонзалес на пресот по мечот истакна задоволство од победата на Бахреин, но повторно назначи дека триумфот не бил лесен како што изгледа.

„Нормално е да бидам задоволен, имаме две победи на стартот. Со Бахреин не беше лесно, тие имаат одбрана со која добра ни парираа, особено во почетните минути од мечот. Мора човек да биде задоволен со досегашново, но исто така знаеме дека вистинските предизвици допрва доаѓаат“, рече Раул.

Тој се осврна и на утрешниот дуел со Хрватска, според кој многумина може да биде клучен за нашата понатамошна судбина.

„Сите знаеме која е Хрватска, знаете и вие и ние, тие се репрезентација со најдобрите ракометари во светот и главен кандидат за медал. Иако ги почитуваме, ќе си бараме наша шанса. За да успееме со нив ќе треба комбинација - ќе треба да играме одбрана како денеска против Бахреин и да го повториме нападот од дуелот со Јапонија“, рече шпанскиот стратег.