Против Бахреин правда ќе ни делат судии од Тунис

Натпреварот Македонија - Бахрен, кој се игра денеска од 14 часот, ќе биде натпревар на три континенти, бидејќи покрај двете екипи од Европа и од Азија, правдата ќе ја делат судии од Африка.

Туниската двојка Рамзи Хениси и Исмаил Буалуча ќе бидат судии на вториот натпревар на Македонија на СП 2019. Тоа се судиите кои ја имаа тешката задача да го контролираат дербито од првото коло во нашата група, меѓу Хрватска и Исланд, во кое победија Хрватите.

Тоа е судиска двојка, која вторпат е на Светските првенства, по Франција 2017, а на прват се појавила на големата ракометна сцена на женскиот мундијал, во Данска во 2015 година.