Побрзајте, брзо ќе снема: Почна продажбата на билетите за баражот со Фарски острови!

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) ја започна продажбата на билети за бараж натпреварот на Македонија против Фарските острови за пласман на Светското првенство кое ќе се игра следниот јануари.

Македонските ракометари во недела на 12. мај со почеток од 19 часот во СЦ „Борис Трајковски“ ќе го почнат бараж дуелот со Фарските острови за пласман на СП. Четири дена претходно ние им гостуваме на нив.

РФМ денеска во продажба ги пушти влезниците за натпреварот, а тие се со популарни цени од 200 и 300 денари.

Картите ќе се продаваат онлајн на „МК Тикетс“ и преку нивната продажна мрежа.