Пешевски: Во светиот дрес секогаш одиме на победа, но некогаш и ремито е добро!

Македонскиот репрезентативец, Жарко Пешевски, кој постигна пет важни голови со кои ѝ помогна да освоиме бод против Австрија (29-29), смета дека можеле и подобро против денешниот ривал.

Кружниот напаѓач потенцира дека среќата овој пат не била на нивна страна, но се надева дека истата ќе им помогне да се радуваат на победа во следните дуели на Светското првенство.

„Се надевам дека во следните два натпревари ние ќе имаме среќен крај. Мислам дека среќата ќе биде на наша страна и да се израдуваме. Како и секој репрезентативец кој го носи овој свет дрес, секој се стреми кон победа, но овој пат и ремито беше добро со оглед на финишот. Катар е силна репрезентација, го имаат Веселин Вујовиќ, но верувам дека ќе бидеме добри. Ние имаме проблеми кои се надевам дека ќе ги надминеме пред следниот натпревар. Се надевам дека среќата ќе биде на наша страна овој пат“, кажа Пешевски.