Пајовиќ: Боли кога ќе примите гол од 13 метри!
Ние може да жалиме што не победивме бидејќи во првиот дел имавме и три гола предност, но на крајот тие што повеќе ги боли ремито се Австријците бидејќи ја имаа победата во џеб и ја испуштија.
„Очекувавме проблеми во овој дуел бидејќи ја гледавме Македонија во првата фаза, гледавме како се борат и знаевме дека нема да ни биде лесно. Имавме проблеми да го запреме нивниот пикер. А во нападот се мачевме со шест на шест, па моравме да играме седум на шест. Успеавме да дадеме гол на четири секунди, но потоа се случи тоа што се случи. Боли кога ќе примите таков гол од 13 метри“, рече австрискиот селектор, Алеш Пајовиќ по мечот.