„Од Црногорците очекувавме едно - излезе друго“

Македонскиот селектор Кире Лазаров е свесен за индивидуалниот квалитет на следниот противник на нашата репрезентација на Европското првенство (ЕП), но кажа дека ќе бидат направени дополнителни анализи пред натпреварот.

Лазаров беше изненаден од Црногорците кај кои се вратија Шеваљевиќ и Мијушковиќ, но кажа дека мора да се прилагодуваат на ситуацијата која постојано се менува.

„Не сакам да ја потценам Црна Гора, која можеби има подобри индивидуалци и од нашата репрезентација, но мислам дека сме подобри како колектив. Не сакам да ги отворам картите пред  натпреварот, а треба и да го анализираме противникот затоа што во досегашните материјали и нивниот вчерашен настап има мали разлики во составот. Никогаш не се знае затоа што ниту вчера не ги очекувавме Шеваљевиќ, ниту Мијушковиќ, кои се враќаат во репрезентацијата. Од ден во ден се менува ситуацијата и мора да се прилагодуваме“, вели Лазаров.