По големата победа над Франција на стартот од ЕП, ракометарите на Португалија приредија уште едно големо изненадување, откако вечерва ја совлада селекцијата на Шведска со убедливи 35-25 во рамки на втората групна фаза.

Португалците одиграа уште една маестрална партија, покрај оние против Франција и БиХ, и на крајот сосема заслужено забележаа победа над еден од домаќините изразена со двоцифрена разлика.

Најефикасни во победничкиот тим беа Жоао Мигуел Фараз и Фабио Магалаеш со по шест гола од осум обиди, а одичен на голот беше и Алфредо Квинтана со 11 интервенции.

Со оваа победа Португалија се искачи на третото место на табелата, со два бода помалку од Норвешка и Словенија, а во наредното трето коло ќе игра против Исланд, кој денеска загуби од Словенија со 30-27.