Нашата ракометна иднина загуби од Грција со 11 разлика!

Македонската кадетска ракометна репрезентација доживеа дебакл од 11 голови разлика од Грција на Медитеранскиот шампионат, што се одржува во Атина. 

Нашите таленти во разигрувањето за пласман од 9-то до 14-то место загубија со 25-14. Бевме рамноправни само во првата третина, кога резултатот беше 5-5, но потоа момците на селекторот Никола Матлиески комплетно се распаднаа. Во следните третини загубивме со 11-5 и 9-4. 

Утре во разигрувањето за што подобар пласман се среќаваме со Саудиска Арабија, додека задутре против Кувајт. Во првата фаза на Медитеранскиот шампионат запишавме четири порази, едно реми и само една победа.