Митев: Конечно нè посака среќата - нема жалење, бод си е бод!
Еден од најдобрите репрезентативци, Марко Митев беше задоволен со освоениот бод против Австрија.
„Ова беше исклучително добар натпревар против искусен противник. Ни направија проблем со играта ‘седум на шест’, но бод си е бод. Имав ситна повреда на рамото, но успеав да се вратам. Конечно и нас нè посака среќата и освоивме бод. Очекувам борбена игра против Катар и одиме на победа. Навивачите и на оваа средба ни беше ‘ветар во грб’. Треба да се подготвиме за дуелот против Катар и одиме на триумф“, кажа Митев.