Македонија ја „нокаутира“ и Словачка за прво место на турнирот во Турција
Првото полувреме меѓу Македонија и Словачка го одбележа израмнета игра, па на паузата се замина со нерешен резултат (12-12).
Македонија заигра подобро на стартот на вториот дел и поведе со 15-12, додека на Словачка ѝ требаше дури 11 минути за да го постигне првиот гол.
Нашите ракометари ја одржуваа предноста од три голови до самиот финиш, кога Словачка намали на два гола негатива (24-26), а потоа имаше напад и за еден негатива, меѓутоа Македонките успешно се одбранија и триумфираа на мечот.
Најефикасни во македонскиот состав беа Кипријановска и Ризоска со по шест голови.