Македонија го има третиот најубав гол во квалификациите за ЕП (ВИДЕО)

Maкедонската ракометна репрезентација викендов претрпе пораз во рамките од второто коло во квалификациите за Европското првенство на гостувањето кај Литванија.

Литванци во еден неизвесен натпревар од почетокот до крајот славеа победа со 29-27 и така стигнаа до првиот триумф во групата. 

Како мала утеха за Македонија е изборот на топ пет погодоци на колот ово кој се најде голот на македонскиот пикер, Жарко Пешевски.  Погодкот на Пешевски кој го постигна кон средината вториот дел е рангиран на третата позиција.

На табелата Македонија има два бода колку и Литванија, последна без бодови е Естонија, додека Словенија е прва со четири.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by EHF EURO (@ehfeuro)