Лазаров: Сè уште сонувам медал, Македонија (ќе) има квалитет за таков подвиг!

Македонската ракометна легенда Кирил Лазаров верува дека нашата репрезентација во иднина може да се бори за медал на некои од големите репрезентативни турнири. 

Тој моментално има двојна улога во националниот тим и како селектор, но и како капитен и лидер на теренот. Лазаров сака да докаже дека по неговата генерација, ракометот во Македонија нема да умре. 

„Се подготвувам за тренерската работа веќе подолго време“, изјави Лазаров во интервју за телевизијата „Спортклуб“. „Нашата репрезентација во моментов е во фаза на транзиција, смена на генерации. Ме чека доста работа, целта е да се создаде таа една нова генерација, како мојата земја би била мирна во следните 10 до 15 години. Предизвиокот е да се обидеме да направиме квалитетен производ, кој ќе се чуе во Европа и светот. Немаме преголем материјал, но веруваме дека можеме и на овој начин, многумина веќе нè отпишаа, велеа дека по мојата генерација нема да има ракомет во Македонија. Сакаме да им покажеме на сите дека не биле во право“, додава нашиот најдобар ракометар на сите времиња.

Крајната цел е Македонија да стигне до полуфинале и да освои медал на големо натпреварување. 

„Да, ќе бидеме конкурентни, секако дека нашиот сон е полуфинале и медал. Можеби ќе биде потребно малку повеќе време, работите да 'легнат', но ако не верував, немае да да се нафатам на овој тежок предизвик и тоа во момент кога сите се откажаа и ги 'погребаа' играчите и репрезентацијата“, додава Лазаров. 

Целосното интерјву на нашата ракометна легенда можете да го прочитате ТУКА