Лазаров го откри картите – го објави очекуваниот поширок список за ЕП 2026!
Списокот е долг и не носи големи изненадувања – предводникот од клупата се реши за проверени имиња од кои ќе произлезе финалниот состав за контролниот турнир „Жолтиот Куп“ во Винтертур, како и за настапите во Хернинг на самиот шампионат.
Македонија на Европското првенство ќе игра во група со домаќинот Данска, Романија и Португалија.
ПОШИРОК СПИСОК НА МАКЕДОНИЈА
ГОЛМАНИ: Никола Митревски (Пелистер), Мартин Томовски – Битингем (Германија), Кизиќ (Алкалоид), Иван Галевски (Алкалоид), Васил Гогов (Вардар).
ЛЕВИ КРИЛА: Гоце Ојлески (Охрид), Петар Атанасијевиќ (Пелистер), Иван Џонов (Алкалоид), Марио Стојановски (Вардар), Димитар Димирооски (Прилеп).
ДЕСНИ КРИЛА: Никола Костески (Алкалоид), Ненад Костески (Алкалоид), Ален Ќосевски (Вардар), Александар Петковски (Алкалоид).
СРЕДНИ БЕКОВИ: Игор Ѓоргиев (Алкалоид), Марко Митев (Алкалоид), Дамјан Митев (Алкалоид), Марио Танкоски (Вардар), Мартин Ивановски (Алкалоид).
ДЕСНИ БЕКОВИ: Мартин Серафимов (Алкалоид), Томислав Јагуриновски (Охрид), Филип Николов (Бутел), Мартин Велковски (Алкалоид), Давид Савревски (Охрид).
ЛЕВИ БЕКОВИ: Филип Кузмановски (Пелистер), Павле Атанасијевиќ (Пелистер), Емилијан Ѓоргоски (Алкалоид), Михајло Младеновиќ – Кретил (Франција).
ПИВОТИ: Жарко Пешевски (Пелистер), Милан Лазаревски (Вардар), Валентин Карасманакис (Алкалоид), Марко Стојковиќ (Алкалоид), Самоил Ристевски (Пелистер)
ДЕФАНЗИВЦИ: Никола Маркоски (Алкалоид), Михаил Аларов (Алкалоид).