Лазаров ги откри адутите со кои ќе го нападне светскиот првак Данска

Новиот селектор на македонската ракометна репрезентација Кире Лазаров го објави списокот на играчи за претстојниот двомеч против Данска во квалификациите за Европското првенство 2022 година. 

Во изборот на Лазаров ги нема повредениот Велко Маркоски, како и централниот бек Марио Танкоски. Ракометарот на Еурофарм Пелистер имаше повреда на Светското првенство во Египет, но иако се опорави го нема на првиот официјален список на новиот селектор. Официјално се враќаат Дејан Манасков и Филип Миркуловски, кој ќе биде и еден од помошниците тренери во стручниот штаб. 

Повик добија двајца млади ракометари од Голден Арт КЛ7, тимот на Лазаров што се натпреварува во Суперлигата, а тоа се Игор Ѓоргиев и Еилијан Ѓорговски. 

Собирот на репрезентатицијата ќе биде на 6.март во 12 часот во хотелот Александар Палас. Првиот натпревар со Данска го играме во „Борис Трајковски“ на 11 март, додека реваншот е во Алборг три дена подоцна.