Кадетите не успеаја да ја изненадат Данска

Македонската ракометна репрезентација до 19 години го претрпе вториот пораз на Светското првенство кое се одржува во Скопје, откако нашите кадети овој пат загубија од фаворитот Данска со 26-29 во дуелот од четвртото коло од групата „Ц“.

Македонија одлично се држеше против фаворитот за првото место во групата во текот на целиот меч, а клучната разлика Данците ја направија на почетокот од вторто полувреме кога се одлепија на шест гола предност.

Потоа нашите надежи успеаја навреме да се вратат резултатски, откако на десетина минути до крајот на мечот дојдоа до минус два, но тоа беше се што успеаја да направат.

Најефикасен во нашиот тим беше Мартин Серафимов со девет гола, додека Ненад Костески постигна шест.

По овој пораз, македонската репрезентација е на третото место на табелата со четири бода. Водечка е Данска која има максимален ефект по четири одиграни рунда, а на вторто место е Јапонија која има шест бода. Токму Јапонците, утре, се нашиот последне противник во групата фаза. Македонската селекција има обезбедено место во осминафиналето, а ќе брка победа во завршната рунда за подобар пласман на конечната табела.