Ивана Џатевска го промени клубот, но остана во Унгарија

Репрезентативката на Македонија, Ивана Џатевска и следната сезона ќе настапува во Унгарија, но во нов клуб.

По една ипол сезона во редовите на Кишварда каде што играше одлично Џатевска доби понуди и од клубови надвор од оваа земја, но сепак се реши да остане во Унгарија.

Нејзин нов клуб ќе биде Сомбатељ кој во изминатата сезона ја освои титулата во Првата лига.

Со првата позиција и освоениот трофеј Собатељ се врати во најсилното првенство, па така Џатевска и оваа сезоан ќе игра против најдобрите во Унгарија.

Џатевска е ракометарка која потекнува од школата на Вардар, а во Македонија настапуваше и за екипата на Чаир.