Гоце Георгиевски во идеалниот тим на романското првенство

Македонскиот ракометен репрезентативец Гоце Георгиевски по одличните настапи во ЧСМ Букурешт сезонава е избран во идеалниот тим на првенството на Романија на позицијата десно крило. 

Тимот на сезоната 2019/2020 беше направен од весникот „Проспорт“, а во гласањето учествуваа сите 14 тренери од романското првенство. Георгевски имаше фантастични настапи па сосема заслужено е меѓу најдобрите во Романија. Сепак, неговата идниа во ЧСМ Букурешт е неизвесна, бидејќи искусниот ракометар има понуди да се врати во Македонија, а најсериозен во намерите да го доведе е неговиот поранешен клуб Металург.

Во идеалната постава во романскиот шампионат се најдоа и голманот Сеиад Хиедарирад од Динамо Букурешт, Милан Котрч од Баја Маре како најдобро лево крило, лев бек е Анте Кудуз од Динамо Букурешт, средниот бек Камел Алуини исто така од Динамо, Мариус Садовеак од Темишвар е најдобар десен бек и и пикерот на Стеауа, Немања Грбовиќ.

Дан Савенко од шампионот Динамо е најдобар дефанзивец, најдобар млад ракометар е Чаба Ливиу од ЧСМ Букурешт, а МВП признанието на сезоната го доби Хрватот Ante Кудуз од Динамо.