Германците си ја признаа грешката: Тоше Проески екна во „Олимпијахале“! (ВИДЕО)

Откако два натпревара поминавме со турска навивачка песна, организаторот на СП, во Минхен, си ја призна грешката.

Турската песна која беше пуштана во „Олимпијахале“ како македонска навивачка химна е тргната од репертоарот. Организаторите во Минхен признаа дека направиле грешка без да знаат.

„Таа песна беше грешка, навистина немавме никаква намера. Веќе ни алармираа и на следниот меч ќе си ја поправиме грешката“, ни одговори шефицата на прес-центарот во Минхен.

И навистина, пред мечот со Хрватска, кога официјалниот спикер ја најави македонската навивачка химна во салата екна „Македонија навива за вас“ од Тоше Проески.