Фарски Острови билетите за мечот со Македонија ги продадоа за – две минути!
Челниците на ракометната федерација во оваа далечна земја среде Атлантскиот океан во продажба пуштија 1.000 влезници по цена нешто поголема од 20 евра. Кои буквално веднаш беа продадени преку интернет. Капацитетот на салата во Торшавен изнесува 1.700 гледачи, што значи дека преостанатите билети ќе бидат поделени на спонзорите и пријателите, како гаранција за тотална исполнетост на трибините.
Првата бараж-средбата е закажана за 8 мај и ќе почне од 18 часот, додека реваншот е на 12 мај во Скопје и тоа во „Борис Трајковски“ со почеток од 19 часот.