Циндриќ дефинитивно во аут за Шпанија, неизвесен е и за полуфиналето?!

Тоа што се предвидуваше денес доби и официјална потврда, па Лука Циндриќ и дефинитивно нема да игра на утрешниот натпревар против Шпанија, во рамки на главната фаза на Европското првенство.

Очигледно, Циндриќ не успеа да се рехабилитира по повредата на мускулите, па затоа селекторот на Хрватска, Лино Червар, не сака ништо да ризикува особено поради тоа што „коцкестите“ веќе обезбедија пласман во полуфиналето.  

Хрватска игра против Шпанија утре од 16 часот и со победа ќе го освои првото место во групата, што занчи и полесен противник во полуфиналето, а како што стојат работите, тоа би била селекцијата на Норвешка.

Циндриќ не играше ниту против Чешка во понеделникот, во победата на Хрватска со 22-21.