Борко: Прашањето е нашата концентрација, не квалитетот на Турција!

Македонската ракометна репрезентација денеска (18ч.) ира со Турција, во Ескишехир во претпоследното коло од квалификациите за ЕП 2020. Во натпреварот влегуваме со шанси за освојувње на првото место во групата 3, што би донело убава привилегија при составувањето на групите за евро-собирот.

Турција е репрезентација од понизок ранг од нашата, но истовремено е репрезентација во подем. Таа уште има повод да се надева на пласман на ЕП како една од четирите третопласирани селекции во осумте групи и затоа ќе влезе без резерви во овој меч.

„Ова се, традиционално, најнезгодните натпревари, при крајот на сезоната, кога сите првенства се завршени, сите сме со мислите повеќе кон оној заслужен одмор, но остануваат уште два натпревара, многу важни, во кои мора да извојуваме две победи и да го заокружиме овој квалификациски циклус со освојување на првото место. Станува збор за доста незгодна репрезентација, мислам дека мора да одиграме на далеку повисоко ниво од оној меч во Битола во октомври, што порано да го преземеме водството и контрол.ата на резултатот за да немаме непосакувани проблеми на крајот.“, вели Борко Ристовски.

Тој потсети на „лабавата“ победа на Македонија од октомври, во Битола, кога Турците запнаа на крајот и го донесоа резултатот до конечни 31-27 за Македонија. Според Ристовски и на денешниот дуел во Ескишехир ќе зависи колку нашите ракометари ќе имаат концентрација, а не како Турците ќе одиграат.

„Кога сè ќе се собере, повеќе се незгодни отколку квалитетни противниците, затоа што доагаат во овој краен период од сезоната. Да се случуваше ова на почетокот на квалификациите воопшто не би размислувале дали ќе ги добиеме, но во овој период повеќе се работи за нашите нерви и нашата концентрација, отколку за нивниот квалитет, со цела почит кон тие репрезентации“, додаде голманот.

По денешниот натпревар, репрезентативците ги очекува дуелот со Грција в недела, во Струмица со ској имаме шанси да го потврдиме првото место во групата.