Вујовиќ е нов тренер на Борац Бања Лука!

Поранешниот стратег на Вардар, Веселин Вујовиќ во изјава за босанските медиуми потврди дека пронашол нов ангажман и во иднина ќе го предводи тимот на Борец од Бања Лука.

Долго време се шпекулираше каде ќе работи Вујовиќ, а конечно тие дилеми се решени.

„Колку и да се трудев да го сокријам тоа додека не се потпишат документите, тешко е. Јас се договорив во следните шест месеци да бидам тренер на Борец. Размислувавме за подолга соработка, но заклучивме дека најдобро решение е договорот да биде на половина година. Јас сум слободен тренер во моментов, а на нив им треба некој ќе го крене тимот“, вели Вујовиќ.

Вујовиќ е свесен за амбициите на тимот и се надева дека ќе добие неколку засилувања, со кои ќе има конкурентен состав и за европските натпреварувања.

„Кога некој го носи Веселин Вујовиќ, амбициите не му се мали и јас не бегам од одговорност. Борац е добра натпреварувачка екипа. На прво место е со Слога Добој. Со неколку засилувања ќе бидеме конкурентни и во Европа“, објасни Вујовиќ.