Ужас во Србија: Хулигани нападнале тренер среде тренинг и го избоделе

Четворица хулигани на возраст од 20 години направиле вистински хаос за време на трнингот на женскиот ракометен тим Алексинац, во истоимениот град, откако со палки го нападнале тренерот Ненад Ѓуриќ, тренер и актуелен претседател на клубот.

Ѓуриќ освен што го нападнале, пред очите на девојчињата додека го држел тренерот, тој патем бил избоден во стомакот, по што итно со брза помош завршил во болницата во Ниш.

„Има повреди на градниот кош и на стомакот. Тим на лекари веќе имале конзилиум за да ги откријат сите дијагнози“, рекле од клиничкиот центар во Ниш, но не објавиле дали Ѓуриќ е во(н) животна опасност.

Тој е вработен во паркинг-сервисот во Ниш, а е познат спортист од Алексинац. Полицијата објави дека младите лица, кои го нападнале од поодамна се познати на полицијата.

„Тоа беше ужасно. Тргнаа со бејзбол палки, успеа да се одбрани од една, но не и од сите. Крв имаше на секаде, девојчињата вриштеа“, рекол очевидец на настанот.

Српската полиција сега е на готовс и во потера по насилниците.