Трет пораз по ред за Еурофарм, Мешков Брест со триумф замина од Битола

Еурофарм Работник никако не успева да победи во СЕХА-лигата, а денеска го запиша третиот пораз по ред, откако на домашен терен загуби од Мешков Брест со 32-35.

Екипата од Белорусија поведе со погодок во првата минута, по што следуваше затишје од три минути пред да биде забележан вториот гол на мечот. Еурофарм првпат успеа да израмни во 17. минута на 8-8, по што гостите повторно направија предност од неколку гола. Сепак, белорускиот тим на полувреме замина со водство од 18-17.

Гостите направија серија од 3-0 на стартот на вторите 30 минути, па поведоа со 21-17. По што Битолчани се обидуваа да се вратат во игра, но не им одеше најдобро. Мешков стигна и до +5 (30-25) во 50. минута, па тука веќе стана јасно дека се блиску до триумф.

Еурофарм се бореше грчевито до крајот на мечот за да успее да направи нешто повеќе, но не успеа во својата намера, па белорускиот тим победи со 35-32.