Тинејџер во Хрватска постигна 30 гола на ракометен натпревар!

„Не се работи за кошарка, туку за ракомет...“, напиша на својата фан-страница на Фејсбук РК Чаковец од Хрватска, опишувајќи го подвигот кој го направи 17-годишниот Лука Уде Ткалчец.

Момчето игра на позиција десно крило и на еден натпревар во младинската лига на Хрватска постигнало 30 поени. Неговиот Чаковец славел со 44-14 против КТЦ, а тој играл симултанка со противниците. Точно е дека станува збор за лига до 17 години, но дури и да е така, ова е ретко видено достигнување, кое само говори дека момчево е вонсериски талент.

Тој веќе бил дел и од сениорскиот тим на Чаковец, па затоа играњето против негови врсници го прави да изгледа како да има натчовечки моќи. Еден друг момент поврзан со него е дека тој е внук на Филип Уде, хрватскиот гимнастичар, кој беше олимпписки вицешампион од 2008 година. 

Се јавил и тренерот на сениорската екипа на Чаковец, Владимир Цанјуг, со коментар за „новиот Џомба“.

„Ма тоа е неверојатно, 30 гола, секоја чест. Сепак тука има гени, бидејќи Филип Уде му е вујко, но тој мене оваа сезона ми игра и во сениорскиот тим, тие голови не би ги дал, да не игра сениорски ракомет. Момчето е страшно талентирано. Кога малку ќе зацврсти, ќе биде новиот Џомба или Чупиќ“, вели Цанјуг.