Синот на Сарачевиќ во шок: На интернет дознав за смртта на татко ми!

Ненадејната смрт на големата хрватска ракометна легенда, Златко Сарачевиќ, сѐ уште е топ-тема во спортските кругови во регионот, а последна траорна вест поврзана со неговото заменување е шокот во кој се нашол неговиот 15-годишен син, Ноел.

Тој е негов наследник од првиот брак со Аника, кој за смртта на некогашниот голем ракометар и тренер дознал преку – интернет.

„Добив пораки со сочувство, а не знаев што се случува. Дури тогаш просурфав на интернет за да проверам и така дознав дека татко ми починал од срцев удар. Деталите беа шокантни, оваа трагедија дојде толку неочекувано. Дури и сега не можам да верувам дека тој го нема”, изјави Ноел.

Синот на Сарачевиќ живее во Унгарија со неговата мајка Аника, Унгарка со која беше Сарачевиќ пред бракот со Корнелија Хргота.

“Тато живееше во Хрватска, а јас во Унгарија. Пред пандемијата, секој училишен одмор го поминав со него. Кога започнаа карантините, не се гледавме некое време, но разговаравме на телефон на секои два до три дена“, дополни наследникот на Сарачевиќ.