СЕХА ја исфрли Татабања, Спартак Москва ќе биде нов ривал на Вардар
Тимот на Спартак се натпрварува во Групата „Ц“ заедно со македонскиот и европски шампион, екипата на Вардар, како и Нексе, Татран Прешов, Војводија и Мотор Запорожје. Инаку, рускиот тим го завзема местото на Татабања која утринава соопшти дека нема да биде дел од овосезонската СЕХА лига.
Веќе е познато дека од оваа сезона СЕХА лигата ќе се игра по нов формат, односно ќе има две групи со по шест екипи.
Дел од втората група ќе бидат Еурофарм Работник, ППД Загреб, Металопластика, Веспрем, Мешков Брест и кинески Пекинг Спорт.