Романското ракометно дерби го одбележа – жестока тепачка на навивачите (ВИДЕО)

Стеауа и Динамо Букурешпт се два закрвени романски клубови во секој спорт, па не ретко навивачите на овие два тима масовно се пресметуваат. Тоа и се случи во романското дерби во Букурешт, во полуфиналето во ракометниот куп.

Многу ретко во ракометниот свет може да се видат хаотични сцени и навивачки нереди. Не дека не се случиле или нема да се случуваат, но за разлика од фудбалот, ги има во многу мал број. Сепак, овојпат хит се Романците. Одеднаш навивачите влетаа на терен, па се упатија кон ривалите. Почна тепачка, по што специјалците влегоа за да ги смират и да не се случи уште поголема трагедија.

Стеауа победи со 26-25, но на крај ја изгуби куп-титулата од Темишвар.