Прва победа за Работник на турнирот во Добој

По ремито со Луцерн во првото коло, денеска ракометарите на Еурофарм Работник славеа со 26-24 против домаќинот на турнирот во Добој, Слога. 

На полувремето Слога имаше предност од 13-11, но битолчани во вториот дел направија пресврт за да стигнат до победа од 26-24. Горан Кузманоски и Радовиќ најмногу се истакнаа во нашиот тим со по пет гола, додека фантастичен беше голманот Николче Трајкоски со 22 одбрани.

Работник утре е слободен на турнирот, додека во петок ќе игра против Пекинг Спорт Универзитет од 21 часот.